Предложени измени во Законот за авторското право и сродните права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2010, 51/2011, 147/2013 и 154/2015) се уредуваат правото на авторите над своите авторски дела – авторското право, правата на уметниците – изведувачи, на произведувачите на фонограми, на произведувачите на видеограми (филмски продуценти), на радио-телевизиските организации, на издавачите и на изготвувачите на бази на податоци над своите предмети на сродни прва, остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права и важењето на законот.
Законот за авторското право и сродните права донесен во 2010 година е усогласен со сите меѓународни документи и стандарди предметни за оваа област. Со Законот се дава придонес во изградбата на систем на заштита на авторското право и сродните права, усогласен со правните системи во земјите членки на Европската унија. Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 22 јули 2015 година, го донесе новиот Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр 124/2015), што влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува една година од денот на влегување во сила.
Со влегувањето во сила на овој Закон, произлегува обврската Министерството за култура во целост да ги усогласи одредбите од Законот за авторското право и сродните права, со кои се уредува спроведувањето на управна постапка во оваа област, со одредбите на новиот Закон за општата управна постапка. Оттука, предложените измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права се во фунција на усогласување на одредбите од овој Закон со одредбите од Законот за општата управна постапка. Останатите измени на Законот се во делот на одредбите од Законот со кои се регулира колективното управување со авторското право и сродните права.
Со измените на Законот од 2013 година се воведе електронскиот систем за евидентирање на изведените и емитуваните авторски дела дела односно предмети на сродни права кој организациите за колективно управување беа должни да го обезбедат и инсталираат кај радио-телевизиските организации.
Со оглед на тоа што во практика системот за електронска евиденција покажа одредени недостатоци во функционирањето, а имајќи предвид дека системот за електронска евиденција е значајна алатка која ќе придонесе во прецизирањето на пресметката на надоместокот кој радиотелевизиските организации треба да го платат на организацијата за колективно управување, а истиот е и во функција на давање на прецизен податок кој фактички илустрира кој автор и изведувач колку е емитуван во текот на годината што придонесува за објективна распределба на надоместоците меѓу авторите, со измените на законот се регулираат правата и обврските на радио-телевизиските организации и на организацијата за колктивно управување во однос на одржувањето во употреба и во континуирана работа на системот за електронска евиденција.
Правата и обврските во однос на функционирањето на системот за електронска евиденција радио-телевизиските организации и организацијата за колктивно управување може да ги дорегулираат со склучување на меѓусебен договор. Со Предлгот на законот се вршат измени и во делот на определување на основите за користење на авторски дела и сродни права од радио-телевизиските организации, а исто така и се дорегулира начинот на распределба на надоместоците меѓу авторите односно носителите на сродни права. Измената на прекршочните одредби е во насока на определување на соодветни глоби за радио-телевизиската организација и за организацијата за колективно управување за непреземањето на мерки или дејствија во однос на користњето на системот за електронска евиденција
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА