Предложени измени во Законот за азил и привремена заштита | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за азил и привремена заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за азил и привремена заштита  се уредуваат условите и постапката за добивање и престанок на право на азил на странец или лице без државјанство (во натамошниот текст: странец) кој бара признавање право на азил во Република Македонија, како и правата и должностите на барателите и лицата на кои им е признаено право на азил во Република Македонија.

Со овој Закон е регулирано и дека на членовите на потесното семејство на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита, на нивно барање, може да им се признае право на азил. Во членот 8 регулирани се условите, начинот и постапката за стекнување на право на азил и за членовите на потесното семејство. Со предложениот закон предвидуваме изменување и дополнувања во условите за стекнување на ова право со што дополнително ќе се прецизира постапката за признавање на правото на азил, а во светло на зголемениот обем на влез и транзитирање на лица низ територијата на Република Македонија.

Во членот 1 од Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита се предвидува дополнување со нов став на членот 8 со што ќе се предвидат измени во условите, начинот и постапката за стекнување на право на азил и за членовите на потесното семејство.

Со членот 2 се предвидува додавање на нов член 10-а со кој се врши допрецизирање на дефеницијата за терминот безбедна трета земја односно земја која е членка на Европската Унија, земја која е членка на Северноатланската договорна организација (НАТО) или држава членка на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА). Со членот 3 се врши допрецизирање на одредбата во членот 18 став 1 од Законот. Со членот 4 се предвидува додавање на нова алинеја 6 со која се врши усогласување со новиот член 10-а од овој Предлог-закон. Со членот 5 е уредено влегувањето во сила на овој Предлог-закон.

Со ова изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита ќе се допринесе прецизирање на постапките во однос на новонастанатата состојба со зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико