Предложени измени во Законот за банките
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законот за банките е донесен во мај 2007 година. Со Законот се уредува основањето, работењето, супервизирање и престанокот на работењето на банките и филијалите на странски банки односно воведувањето на стечај и ликвидација во банка, филијала на странска банка во Република Македонија и отворање и работење на филијали на банки од земји членки од Европската Унија.
Причините за донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за банките произлегуваат од потребата за подобрување на досегашната законска регулатива која го регулира работењето на банките во Република Македонија, како и прилагодувањето кон барањата кои ги диктира банкарскиот и финансискиот систем во Република Македонија. Способноста за справување со овие барања е од клучно значење во обезбедувањето услови за ефикасност и стабилност на финансискиот сектор во Република Македонија во периодот по влезот во ЕУ.
Во посткризниот период Базелскиот комитет за банкарска супервизија донесе документи познати како Базел III со кои ги зајакна капиталните барања за банкарскиот сектор, а во 2015 година донесе нови принципи за корпоративно управување на банките. Заради натамошно усогласување на домашната банкарска регулатива со Базел 3 и со Базелските принципи за корпоративно управување, има потреба од донесување на предложениот закон.
Предлогот на Закон за изменување и дополнувања на Законот банките се заснова на истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.
Основни решенија што се предлагаат со законот се:
– зајакнување на корпоративното управување, преку примена на новите Базелски принципи,
– воведување на заштитни слоеви на капиталот и тоа: заштитен слој за зачувување на капиталот, противцикличен заштитен слој, заштитен слој за системски-важни банки и заштитен слој за системски ризик и
– зајакнување на корективните мерки коишто може да ги преземе Народната банка на Република Македонија
Целосниот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА