Предложени измени во Законот за банките | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за банките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Република Македонија и Фондот за здравственото осигурување на Македонија се одвиваат постапки во кои физички лица се јавуваат како баратели за остварување на одредени права. За остварување на тие права, барателите треба да исполнат одредени услови кои можат да се потврдат со информациите и податоците со кои располагаат банките во Република Македонија. Поради тоа потребно е да се изврши измена на Законот за банките.

Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот банките се заснова на истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Основно решение што се предлага со законот е:

– Создавање на законски услови за овозможување пристап до податоците со кои се стекнале банките при вршење на банкарски и други финансиски активности на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за здравственото осигурување на Македонија,
само за постапки кои се спроведуваат во рамките на тие институции.

Основната цел на Предлогот на закон е да се овозможи на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Фондот за здравственото осигурување на Македонија, преку пристапот до податоците со кои се стекнале банките при вршење на банкарски и други финансиски активности, да извршат проверка на податоците кои ги поднесуваат барателите – физички лица, за остварување на одредени права во постапка пред овие институции.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико