Предложени измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Образложение: Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е релативно нов закон, од 2015 година и беше усвоен со европски предзнак, што укажува дека во најголем дел е усогласен со регулативите на Европската унија. Со тоа се покажа дека се стремиме кон прифаќање на евроските проекти, во насока на надминување на досегашните недоследности и проблеми кои се појавуваа во пракса и поефикасно функционирање во областа на безбедноста на сообраќајот.
Бидејќи основата цел е посттигнување на нула незгоди кај децата и другите ранливи категории неопходно е континуирано унапредување на состојбите преку соодветно ревидирање на законските решенија. Во таа насока се предлагаат измените и на овој закон.
Предлогот на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата содржи 6 членови.
Во членот 1 кој се однесува на членот 232, се предвидува стручните раководители како дел од стручниот кадар на автошколите да не треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“, туку само од категориите за кои автошколата има лиценца за давање обуки.
Со членот 2 се менува членот 275, во делот кој се утврдува возрасната граница на лица кои може да управуваат со трактор, и наместо со 16 години се предлага лицата од 17 години да може да управуваат со трактори.
Во членот 3 се менува членот 304 став 1 и во однос на рокот на важење на возачката дозвола предлагаме да се покачи старосната граница , односно на лицата над 70 години да им се издава возачка дозвола со важност од три години, а нека како до сега што беше уредено, за лицата постари од 65 години.
Член 4 се однесува на член 325 и е во насока на усогласување со предложената измена на предходниот член 3, и се предлага на задолжителни конторлни здравствени прегледи да подлежат лицата над 70 години.
Со членот 5 се менува член 331 , каде предлагаме зголемување на старосната граница на децата за стекнување со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија и наместо со 16 се предлага тоа право да го стекнат со навршување на 17 години возраст. Воедно се брише критериумот за тие деца да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи тоа не критериум за полагање на возачки испит, и претстваува дискриминирачки критериум за тие деца кои сакаат да се оспособат за управување моторно
возило.
Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА