Предложени измени во Законот за библиотеките | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за библиотеките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за библиотеките донесен во 2004 година се регулирани прашањата за: дефинирање на библиотечната дејност, библиотечниот материјал и видовите на библиотеки, нивната работа и основање, набавувањето, чувањето, обработувањето и давањето на користење библиотечен материјал, како и информацискиот систем преку кој се прибираат, обработуваат и презентираат информации и податоци за библиотечниот материјал, организацијата на библиотечната дејност во државата, заштитата на реткиот библиотечен материјал и други релевантни прашања за вршење на библиотечната дејност во Република Македонија.

Законот за библиотеките во меѓувреме неколупати e менуван и дополнуван заради негово усогласување со Законот за прекршоците во однос на висината на пропишаните глоби и со Законот за општата управна постапка. Законот за библиотеките е нормативно поврзан со Законот за заштита на културното наследство. Со Законот за заштита на културното наследство, како матичен, односно системски пропис за дејностите за заштита и за користење на културното наследство, се регулирани прашањата кои се заеднички за повеќе сродни или различни видови културно наследство, а оттука и за библиотечните добра како движно културно наследство.

Собрнието на Република Македонија на седницата одржана на 29 декември 2014 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14), со кој меѓу другото се изврши изменување на одредбите кои се однесуваат на стекнувањето со стручни звања во областа на непосредната заштита, особено во однос на постапката и условите за избор и реизбор во изборните стручни звања.

Оттука, со цел да се изврши усогласување на овие одредби, потребно е да се изврши изменување на одредбите кои се однесуваат на постапката и условите за стекнување со стручните звања виш библиотекар и библиотекар советник. Во функција на подготовка на измените на Законот за библиотеките, Министерството за култура направи компаративна анализа од законите на повеќе земји (Словенија, Чешка, Данска, Финска,
Естонија, Србија и Црна Гора). Врз основа на направените анализа констатирано е дека постојниот Закон за библиотеките во основа е компатибилен со европското законодавство за оваа област.

Од досегашното искуство на примена на Законот, како и од направените анализи и консултации со надлежните установи и со другите засегнати субјекти во областа на библиотечната дејност, се наметна потребата за негова измена и дополнување и тоа особено заради:

– неопходноста од усогласување со домашните и со меѓународните правни акти,

– потребата од прецизирање на одредени поими и дефиниции и

– надминување на одредени слабости во примената на Законот.

Се предлага да се изменат и одредби кои се однесуваат на вршењето на дејноста библиотечната дејност, особено од аспект на терминолошко допрецизирање на поимите, на утврдување на видовите на библиотека според основач и според намена, допрецизирање на надлежностите на библиотеките и на „Националната установа “Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”-Скопје” во однос на нејзините функции како Национална библиотека на Република Македонија и како матична библиотека, воведување на нов систем на стекнување на звања во библиотечната дејност, утврдување на правен основ за унапредување и развој на информацискиот систем и за дигитализацијата на библиотечниот материјал и библиотечните добра.

Целиот текст на предлог измените  можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико