Предложени измени во Законот за даночна постапка | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за даночна постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за даночна постапка  се уредува општото даночно право, постапката на утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка.

Овој закон е единствена основа на општото даночно право и на даночната постапка.

Даночен обврзник е оној кој што должи данок, гарантира за данок, треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице, треба да поднесе даночна пријава и/или даночно објаснување, мора да води книги или записи, или мора да исполнува други обврски кои што му се наложени со даночните закони.

Со предложените дополнувања на Законот за даночна постапка, во насока на обезбедување на поголема економичност и ефикасност во даночната постапка при користењето на податоците од Агенцијата за катастар на недвижности се пропишува правен основ со кој ќе се овозможи меѓусебната размена на податоци за даночни цели помеѓу Управата за јавни приходи и агенцијата да се врши по електронски пат.

Со оглед на наведеното се утврди потребата од дополнување на Законот за даночна постапка.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико