Предложени измени во Законот за данокот на добивка | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за данокот на добивка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за данокот на добивка го уредува начинот на оданочување на добивката, стапката по која се пресметува данокот на добивка, обврзниците за плаќање на данок на добивка, даночната основа за пресметување на данокот на добивка, роковите за плаќање на данокот на добивка, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање наданокот надобивка.

Businessman working in the office

Законот вочленот 9 ги уредува непризнаените расходи заданочни цели. Во февруари 2020 година, Владата на Република Северна Македонија донесе заклучоци по однос на Информација за петти сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Covid-19, меѓукои и заклучок за зголемување на висината на износот за регрес на годишен одмор кој што ќе се третира како признат расход.

Оттука, а во насока на обезбедување на понатамошна поддршка на даночните обврзници заради полесно справување со последиците од  коронавирусот (COVID-19), односно со цел да се поттикнат работодавачите да исплаќаат регрес за годишен одмор во повисок износ од минимално утврдениот се предлага да се изврши и изменување на одредбата од Законот која ги регулира непризнаените расходи.

Дополнително, а сè со цел дополнително да се поттикнат работодавачите да вложуваат средства за зголемување на здравствена заштита на вработените, се предлага да се зголеми износот на трошок за платени лабараториски тестови за COVID19 кој штоќе има третман на признат расход за даночни цели.

Во насока наолеснување на постапката за пренесување на загубите, се утврди потребата од укинување на условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва. Исто така измените на законот се со цел допрецизирање на постојнитеодредби.

Предлог законот ги содржи следниве решенија:

-изменување на одредбата која ги уредува непризнаените расходи за даночни цели, односно зголемување на висината на износот за регрес нагодишен одмор којштоќесетретиракако признат расход за даночни цели,

-зголемување на износот на трошок за платени лабараториски тестови за COVID-19 кој штоќе има третман на признат расход за даночни цели;

-пропишување на рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност пооднос набарање за признавањекако расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата, и

-укинување на условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва, за да обврзникот има право даја пренесе загубата во идните даночни периоди.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

 

Партнери на Правдико