Предложени измени во Законот за данокот на добивка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за данокот на добивка (“Службен весник на Република Македонија” бр.112/14, 129/15 и 23/16) се уредува начинот на оданочување на добивката, стапката по која се пресметува данокот на добивка, обврзниците за плаќање на данокот на добивка, даночната основа за пресметување на данокот на добивка, роковите за плаќање на данокот на добивка, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на добивка.
Исто така со законот се уредени и даночните ослободувања за целите на данокот на добивка.
Во насока на поддршка на развојот на спортот и постигнувањето на спортски резултати, се предлага да се извршат дополнувања во Законот за данокот на добивка со цел овозможување на даночни поттикнувања при давање на донации кон спортските федерации, МОК, спортските клубови и активни спортисти.
Исто така, со предложените измени на законот се превидува дополнување со кој се определува даночниот третман на трошоците за сместување и превоз на лица кои не се вработени кај домашниот исплатувач, а кои се ангажирани во врска со извршувањето на работа кај исплатувачот во функција на неговата дејност.
Со оглед на наведеното се утврди потребата од дополнување на Законот за данокот на добивка.
Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА