Предложени измени во Законот за девизно работење | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за девизно работење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во годишните извештаи на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија кон Европската Унија неколку години по ред беа нотирани високите трансакциски трошоци за прекуграничните плаќања. Со цел да се намалат овие трошоци и времето за извршување на платежните трансакции во евра, како и за поуспешна оперативна подготвеност на Народната банка за приклучување во системот на Европски централни банки, потребно е во Законот за девизното работење да се овозможи пристап до странските платни системи заради вршење на платниот промет со странство. 

Во моментов резидентите – овластени банки можат да вложуваат во хартии од вредност издадени од влади на земји-членки на ОЕЦД. Меѓутоа, членството во ОЕЦД само по себе не значи дека земја-членка има висок кредитен рејтинг како гаранција за вложувањето. Поради тоа, има потреба од измени во законските решенија со кои ќе се воспостави врска на хартиите од вредност со кредитниот рејтинг на земјата како мерило
за степенот на ризичност.

Целта на предложениот закон е да се намалат трансакциските трошоци за прекуграничните плаќања и времето за извршување на трансакции во евра, зголемување на оперативната подготвеност на Народната банка за приклучување во системот на Европски централни банки и јакнење на сигурноста на вложувањата на овластените банки во странски хартии од вредност.

Предлогот на закон за изменување на Законот за девизното работење се заснова на истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Основни решенија што се предлагаат со законот се:

– Овозможување на платен промет со странство преку странски платни системи,
– Овозможување на овластените банки – резиденти да вложуваат во хартии од вредност издадени во странство, согласно со условите пропишани од Народната банка,
– Овозможување на резиденти – зависни друштва кои работат во ТИРЗ-овите да купуваат акции издадени од нивните владеачки друштва за наградување на своите вработени.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико