Предложени измени во Законот за договорен залог | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за договорен залог

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСклучувањето на Договор за залог во моментов е уредено со Законот за договорен залог. Согласно постојната законска регулатива договорот за залог се склучува помеѓу две познати страни, доверител од една страна и должник од друга.

Со оглед на тоа дека сопствениците на обврзниците може постојано да се менуваат на дневна основа, а во Законот за договорен залог стои дека договорот се склучува помеѓу две познати страни, се овозможува на страната на доверителите како склучувач на договорот да се јави заеднички застапник кој во име на имателите на обврзници ќе го потпише договорот за залог.

Со цел развивање на пазарот на издавање на корпоративни обврзници и зголемување на интересот на фирмите за издавање на корпоративни обрвзници, како и обезбедување на сигурност за инвеститорот дека истите ќе успее да ги наплати се овозможува заеднички застапник на имателите на обврзници да може да се јави во улога на потписник на Договорот за залог. Законот се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за договорен залог

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико