Предложени измени во Законот за Државниот инспекторат за земјоделство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор, Законот за квалитет на земјоделски производи, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, се уредува решавањето на висината на трошоците и начинот на плаќање на надоместокот на Државниот инспекторат за земјоделство за вршење на контрола на квалитет на земјоделски производи, нивни преработки, стоки и услуги при производство, увоз, извоз и внатрешен промет.
Со овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство се уредува контролата на квалитет на земјоделските производи, нивните преработки, семето, садниот материјал, ѓубрињата и производи за заштита на растенија (фитофармацевтски средства за заштита на растенијата) наместо на царински терминали да се врши на местото на истовар
Воедно се предвидува издавање на уверение за квалитет врз основа на извршена контрола на квалитет и прегледи на пратките од увоз, извоз, производство, откуп, промет на земјоделски производи, семе и саден материјал, цвеќе и декоративни растенија, производи за заштита на растенија, вино и производи од вино и грозје, јаки алкохолни пијалоци, енолошки средства, ѓубриња, тутун и тутунски производи, органски производи, гмо, храна за животни, приплоден добиток, сперма од добиток, јајце клетки, ембриони како и фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата како и утврдување за исполнување на условите за издавање на фитосанитарен сертификат и пасош за растенијата.
Со оваа измена и дополнување се уредува решавањето на барањата поднесени од правни и физички лица за утврдување на исполнување на условите за откуп на земјоделски производи и тутун, утврдување на исполнување на условите за производство и промет на семе, производи за заштита на растенијата, ѓубриња, винарски визби, како и за утврдување на исполнување на условите за регистрација на рибници, пунктови, пломбирање на мрежи и друго.
Покрај овие контроли се уредува фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата и утврдување на исполнување на услови за издавање пасош за движење на растенијата што се врши во внатрешноста на државата.
Овие измени и дополнувања на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство произлегуваат од заклучоците на Владата на Република Македонија одржана на 27.05.2014 година, 14.07.2014 година и 02.09.2014 година со кои се задолжува Државниот инспекторат за земјоделство да достави Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА