Предложени измени во Законот за градежните производи | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за градежните производи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлог – законот ќе се овозможи носење во подзаконски акти, кои ќе произлегуваат од овој закон, утврдување на усогласените услови за пуштање на пазар на исправен градежен производ, како на домашниот, така и на Европскиот пазар и подобрување на текстот да биде поразбирлив за крајниот корисник.

Условите за пуштање на пазар на исправен градежен производ се одразуваат на националните стандарди за производи, националните технички одобренија и технички спецификации кои се поврзани со градежните производи. Овие правила не се однесуваат само на безбедност на градбите  и на градежните работи, туку и на здравјето, издржливоста, заштеда на енергија и заштита на животната средина.

Предложеното законско решение ќе придонесе во поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на именување на телата и се во функција на зголемена ефикасност за контрола и сузбивање на сите техничи трговски бариери во оваа област. Правилата ќе бидат содржани и објаснети во подзаконските акти кои ќе произлезат со оваа измена.

Целта за носење Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи е да се исполнат услови за носење на подзаконски акти согласно постојниот Закон за градежните производи и прилагодување кон условите за пуштање на градежните производи на пазарот.

Постоењето на нееднаков третман на пазарот на градежни производи во земјите на ЕУ, како и потребата од воведвање на еднаков третман на изјавата за својствата и принципот на системот за оцена и потврда на постојаност на својствата на градежните производи беа основните причини за донесувањето на новата регулатива.

Правилата во оваа регулатива дирекно влијаат врз условите за градежните производи. Овие услови постепено се одразуваат на националните стандарди за производи, националните технички одобренија и технички спецификации кои се поврзани со градежните производи. Овие правила не се однесуваат само на безбедност на градбите  и на градежните работи, туку и на здравјето, издржливоста, заштеда на енергија и заштита на животната средина.

Предложеното законско решение ќе придонесе во поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на решение за именување на телата и се во функција на зголемена ефикасност за контрола и сузбивање на сите технички и трговски бариери  во оваа област.

Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи ќе се создадат услови за носење на подзаконски акти во најкраток можен рок,  а истите ќе ги уредат системите за оцена и потврда на постојаноста на својствата на градежните производи, дејствијата кои во рамките на оцената и потврдата на постојаноста на својствата на градежните производи ги спроведуваат производителите на градежните производи,  како и  документите за оцена и потврда на постојаноста на својствата на градежните производи,  На овој начин се воведува еднаков третман  на условите за пласирање на пазарот или ставање на располагање на пазарот на градежни производи со воспоставување усогласени правила за функционалноста на градежните производи во врска со нивните основни карактеристики.

Целиот текст на предлог измените на законот можете да ги погледните ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико