Предложени измени во Законот за градежно земјиште | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за градежно земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСогласно Законот за градежно земјиште предвидена е постапка за давање под краткотраен закуп на градежно земјиште предвидено за плажа и потребно е истата да се доуреди. Целта на предложените дополнувања на Законот е да се доуреди постапката за давање под краткотраeн закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија предвидено за плажа.

Се предвидува можност за давање под краткотраен закуп на градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичка планска документација за плажа на кое има изградено објект од страна на претходен закупец чиј договор за краткотраен закуп истекол. Исто така се утврдува постапка за првенствено право на краткотраен закуп на претходниот закупец на градежно земјиште предвидено за плажа, доколку истиот бил учесник на новото јавно наддавање, а не понудил највискока цена.

Во овој случај се предвидува по завршување на јавното наддавање комисијата за спроведување на постапката да му понуди на претходниот закупец да ја прифати и да ја плати највисоката постигната цена за едногодишна закупнина на земјиштето и доколку претходниот закупец е согласен да ја прифати и да ја плати највисоката постигната цена за едногодишна закупнина на земјиштето, должен е да достави изјава заверена на нотар, дадена под материјална и кривична одговорност, во која истиот потврдува дека ја прифаќа понудата за избор на најповолен понудувач и дека е согласен да ја плати највисоката цена за едногодишна закупнина на земјиштето постигната на јавното наддавање, а во спротивно за најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена по метар квадратен, која претставува највисока цена за едногодишна закупнина на градежното земјиште.

Се утврдува и рок за спроведување на нова постапка за давање под краткотреан закуп по пат на јавно наддавање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија предвидено со урбанистички план или урбанистичка планска документација за плажа, кое било предмет на краткотраен закуп при што рокот изнесува девет месеци од денот на престанокот на договорот за краткотраен закуп на градежното земјиште предвидено за плажа, покрај ова се утврдува и глоба за службеното лице за непочитување на утврдениот рок за спроведување на постапката.

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико