Предложени измени во Законот за градежно земјиште
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основна цел на предложеното дополнување на Законот за градежното земјиште, е да се исправи настаната ситуација со која им е ускратено правото за продолжување на договорите на домашните и странските физички и правни лица и државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје односно концесионери кои имат засновано право на краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.
Со предложените законски решенија ќе се исправи настанатата грешка на домашните и странските физички и правни лица и државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје односно концесионери кои имат засновано право на краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.
Имено со законското решение на истите ќе им се овозможи продолжување на договорите за краткотарен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за уште три години. Со предложеното решение на Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 15 /15), исто право им беше овозможено така што одложната примена на законот за градежното земјиште од 1 јануари 2016 година нема да се однесува на концесиите кои биле во тек во моментот на примената на одлагањето на Законот.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА