Предложени измени во Законот за извршување на санкциите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието на Република Македонија на 3 февруари 2014 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со овие измени покрај другите новини воведена е и нова мерка на безбедност „медицинско – фармаколошко лекување“. Согласно законот оваа мерка може да му се изрече на сторител на кривично дело полов напад врз дете до 14 години кога постои опасност и натаму да врши такви дела. Мерката се извршува на слобода во специјализирани медицински установи по издржување на казната затвор, а надзорот над извршувањето на мерката го спроведува Управата за извршување на санкции.
Согласно претходно изнесеното се јави за потребно усогласување на Законот за извршување на санкциите со Кривичниот законик.
За таа цел, во Министерството за правда беше формирана работна група задолжена за подготовка на дополнувања на Законот за извршувањето на санкциите, чии членови беа професори по право, претставници од невладиниот сектор, претставници од надлежни државни органи, како што се Министерство за правда, Управата за извршување на санкциите, Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здраство.
Со предлог законот се врши усогласување на Законот за извршување на санкциите со одредбите од Кривичниот законик кои се однесуваат на мерката „медицинско – фармаколошко лекување“.
Со предложените дополнувања се дава правен основ за донесување на посебно упатство од страна на министерот за здраство за определување на специјализираните медицински установи и начинот на извршување на мерката медицинско фармаколошко лекување.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА