Предложени измени во Законот за извршување | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за извршување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со донесувањето на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ број 72/16 и 142/16) на 12 април 2016 година и неговото влегување на  сила на 1 јануари 2017 година се уреди поповолен статус на должниците физички лица по основ на комунални сметки преку воведување на начинот на извршување „вон
судска напалта на комунални долгови“.

Но и со настанување на новата поповолна состојбата, голем број должници физички лица по основ на комунални долгови се судрија со значително поголеми трошоци за извршување и камати по судски одлуки или нотарски решенија за извршувања врз основа на веродостојни исправи за стари долгови за вода, струја и други комунални услуги.

Доверителите правни лица кои на должниците физички лица им ги даваат овие комунални услуги го искористија периодот од донесувањето на Законот за извршување до неговата примена, на штета на должниците со поднесување огромен број на барања за извршување пред 1 јануари 2017 година, за нереализираните извршувња со налози за наплата на комуналните долгови донесени пред влегувањето
во сила на Законот со новите налози за извршување донесени по влегувањето во сила на Законот без примена на постапката за вонсудска наплата за комуналните долгови туку со средства за присилно извршување.

Причини за донесување на Законот за измена и дополнување на Законот за извршување се:

–  решавање на новонастанатите состојби од Закон за извршување(„Службен весник на Република Македонија“ број 72/16 и 142/16), во извршувањето на паричните побарувања на доверителите кои овозможуваат комунални услуги и услуги кои се дават на корисниците вода од страна на вршителот на водостопанска дејност (наводнување, одводнувања и др.), на кои без нивна вина им се пресметуваат и
наплатуваат превисоки камати и трошоци на извршување на комуналните долгови;

– Прецизирање на постапката на вонсудска наплата на парични побарувања врз основа на фактури за сметки од комунални услуги и нејзино проширување на важењето и за услуги кои се дават на корисниците вода од страна на на вршителот на водостопанска дејност(наводнување, одводнувања и др.).

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико