Предложени измени во Законот за јавен долг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година го потврдува она што го Опозицијата перманентно го наведува како сериозна забелешка во периодот на владеењето на оваа политичка гарнитура. Надворешниот бруто долг, на крајот на 2014 година изнесува 70% од БДП, зголемен за повеќе од 5пп од претходната година, главно како резултат на зголемувањето на јавниот долг кој изнесува 43,9 од БДП (III квартал 2015 год.) Долгот на Владата континуирано се зголемува од 2008 година. Зголемувањето на финансиските потреби на Владата за разни популистички и предизборни ветувања кои претходно биле предвидени со буџетот придонесоа за значително зголемување на вкупниот јавен долг, кој изнесуваше 46% од БДП на крајот на 2014 година, во споредба со 38,6% на крајот на 2013 година.
Веројатно е дека, на краток до среден рок ќе се зголемува уште повеќе, со оглед на продолжување на праксата да се носат популистички и предизборни мерки за кој нема предвидено пари во буџетот. Во текот на летото во 2014 година, Владата го измени Законот за јавен долг, за да го ограничи опсегот за задолжување на претпријатијата во државна сопственост со државни гаранции, додека пак, го поттикна безгаранциското задолжување. Како резултат на тоа, бројката за јавниот долг ќе биде помалку транспарентна. Во извештајот јасно стојат критиките дека Владата треба да го подобри управувањето и транспарентноста на јавните финансии, да практикува поригорозна фискална дисциплина и да ја подобри фискалната транспарентност како што е препорачано во Препораките 2 и 3 од ЕРП.
Препорака 2 од ЕРП: „Да се подобри износот на трошоците, со приоритизирање на инвестициските проекти во согласност со нивниот продуктивен потенцијал и да биде потранспарентен во анализата на трошоците и придобивките, нагласувајќи го основниот трансфер и ставките за инвестициски трошења од буџетот. Обезбедување понавремени и подетални податоци за планирани и извршени капитални трошоци“.
Препорака 3 од ЕРП: „Да се подобри фискалната транспарентност преку вклучување на посеопфатни податоци за долгот на јавните претпријатија и потенцијалните обврски во стратегијата за управување со државниот долг на Владата и да постои информирање за заостанатите долгови. Забрзување на преодот кон Известување според Европскиот систем на сметки (ЕСА) 2010 и да продолжи со фискалните известувања. Да се продолжи со строга контрола врз гарантираните и негарантираните задолжувања на јавните претпријатија и општините.
Целта на предлог законот е доуредување на законските решенија со предвидување на законски одредби во кои јќе биде регулиран процесот како Владата да го подобри управувањето и транспарентноста на јавните финансии, како истата да практикува поригорозна фискална дисциплина и подобрување фискалната транспарентност како што е препорачано во Препораките 1, 2 и 3 од ЕРП. Имено со предложените измени годишниот извештај за управување со јавниот долг кој се разгледува од страна на Владата на Република Македонија да се поднесува на усвојување до Собранието на Република Македонија најдоцна до 15 март наредната година.
Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА