Предложени измени во Законот за јавните набавки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законот за јавните набавки започна да се применува од 1 јануари 2008 година. Во изминатиот период беа донесени повеќе измени и дополнувања со кои се извршија низа на прилагодувања и подобрувања на законскиот текст, а се воведоа и одредени новини, особено во делот на користење електронски средства.
Со членот 1 од Предлог – законот се предлага додавање на адвокатските услуги во листата на услуги чија набавка е исклучена од примена на одредбите на Законот за јавните набавки. Ова поради специфичноста на самите услуги и потешкотиите кои се јавуваат во примената на Законот при нивна набавка. Треба да се има предвид дека овие услуги подлежат на задолжителна примена на Адвокатската тарифа.
Покрај тоа, Европската унија исто така предвидува исклучок од примена на новите директиви за овој вид на услуги, така што дополнувањето на законот не е спротивно на одредбите од новите директиви. Со членот 2 се предлага додавање на нов член 10-б со кој се воведува исклучок од примена на законот за набавките што се склучуваат помеѓу општините согласно со Законот за меѓуопштинска соработка.
Предложените измени можете да ги превземете ТУКА