Предложени измени во Законот за катастар на недвижности | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за катастар на недвижности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо овој закон се предлага дополнување на Законот за катастар на недвижности со цел да се овозможи Агенцијата за катастар на недвижности да може да изготвува бесплатни геодетски елаборати за легализација на објекти за семејствата во подрачјата за кои е донесена одлука за постоење на кризна состојба.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности е систематизиран во два законски члена. Со членот 1, во членот 8 се дополнува ставот (2), со кој се овозможува Агенцијата за катастар на недвижности да изработува бесплатни геодетски елаборати за легализација без надоместок и за лицата кои претрпеле штета во елементарни непогоди или други несреќи во услови кога било утврдено постоење на кризна состојба.

Предложените решенија содржани во одредбите на Предлогот за дополнувањето на Законот за катастар на недвижности упатуваат на меѓусебна поврзаност со одредбите од Законот за управување со кризи.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико