Предложени измени во Законот за комплементарна и алтернативна медицина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за комплементарна и алтернативна медицина („Службен весник на Република Македонија“ број 25/15) се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот, организацијата и примената на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, лицата кои применуваат методи и постапки на комплементарна и алтернативна медицина, установи за комплементарна и алтернативна медицина, Центарот за традиционална кинеска медицина, квалитетот на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина, Комората за комплементарна и алтернативна медицина, лиценцата за работа, стручниот надзор над работата на практичарите на комплементарна и алтернативна медицина и други работи кои се однесуваат на комплементарна и алтернативна медицина.
Овој Предлог на закон ја воспоставува рамката за професионално применување на комплементарната и алтернативната медицина и се однесува на сите кои применуваат методи и постапки на комплементарната и алтернативната медицина опфатени со овој закон.
Со предложеното дополнување ќе се овозможи упатување на стручно усовршување (специјализација и супспецијализација) на лицата вработени во Центарот за традиционална кинеска медицина. Предлог на законот за дополнување на Законот се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за комплементарна и алтернативна медицина.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА