Предложени измени во Законот за матична евиденција | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за матична евиденција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/1995, 38/2002, 66/2007, 67/2009, 13/2013 и 43/2014) се уредува водењето на матичните книги и издавањето на изводи и уверенија што врз основа на матичните книги се јавни исправи.

Во јули 2015 година Собранието на Република Македонија гo донесе новиот Закон за општата управна постапка со што се воведени новини кои беа неопходни за успешно, ефикасно и ефективно спроведување на управната постапка, како и нејзино поедноставување и олеснување. Со предложените измени и дополнувања на Законот за матичната евиденција, се врши усогласување на овој закон со Законот за општата управна постапка.

Со овој закон се врши усогласување со новиот Закон за општата управна постапка од аспект на поедноставување на постапката за странките, воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу Управата и други државни органи и институции и овозможување на електронска комуникација помеѓу Управата и странките. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од денот на отпочнување на примената на одредбите на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15).

Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико