Предложени измени во Законот за медијација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со донесувањето на дополнувањата на Законот за медијација, ќе се овозможи примена на Законот за медијација во парничната постапка, во делот кој се однесува на задолжителна медијација во стопанските спорови во кои вредноста на паричното побарување не го надминува износот од 1.000.000,00 денари.
Од причина што измените на Законот за парничната постапка стапија во сила на ден 01.02.2016 година, неопходно е да се создадат услови за непречено негово применување, во ситуација кога Законот за медијација сеуште не е во целосна примена, односно не постои доволен број на лиценцирани медијатори со положен испит за медијатори согласно одредбите на член 48 од Законот за медијација, заради што не е формирана Комората од член 32 од истиот закон.
Предложениот текст на Предлог Законот за дополнување на Законот за медијација содржи 4 члена. Со предложениот член 1 од предлог законот, се уредува можноста бројот на испитните сесии да биде и поголем од претходно утврдените две, а во зависност од реалните потреби и динамика кои ќе овозможат доволен број на лица со положен испит за медијатори кои би сакале да аплицираат за лиценца за вршење на медијаторски работи.
Со предложениот член 2 од предлогот, се уредува можноста за исплаќање на месечен надоместок за работата на членовите на Одборот и патните трошоци. се уредува дека начинот на пресметување на месечниот паричен надоместок и признавањето на патните трошоци на членовите на Одборот Со предложениот член 3 се надминува проблемот со функционирање на лиценцираните медијатори до формирањето на новата Комора на медијатори, а која е надлежна за водење на Именикот на медијатори.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА