Предложени измени во Законот за надворешни работи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Причини за донесување на Предлог на законот е подобрување на Законот за надворешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/06, 107/08, 26/13, 39/14 и 61/15) во областите каде се појави потреба од доуредување на материјата или усогласување со практиката и со друга законска регулатива.
Имено, материјата за продажба, купување, изнајмување, изградба, размена, давање и престанок на правото на користење, давање и земање во закуп, давање и примање на дар на недвижни ствари што ги употребуваат дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија; како и продажба, размена, давање и престанок на правото на користење, давање и примање на дар на движни ствари што ги користат дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија и враќање на движни ствари од дипломатско – конзуларно претставништво во Министерството за надворешни работи не е опфатена со закон и до сега не е нормирана.
Поради ова, Министерството не е во можност да ја остварува својата дејност во овој дел и да обезбеди ефикасно функционирање на ДКП-та. Регулирање на оваа материја ќе придонесе за поефикасно употреба и располагање со имотот кој го користат ДКП – та; се создаваат услови за склучување повеќе договори за колокација на ДКП – та и се создава квалитетен правен основ за продажба и купување на имот на ДКП–та. Со Предлог – законот се врши усогласување на Законот за надворешни работи со заклучокот на Владата на Република Македонија бр. 42-9354/1 од 22.09.2015г., од Сто и осмата седница.
Покрај ова, практиката покажа потреба од поефикасно регулирање на материјата за упатување во дипломско – конзуларните претставништва на лица вработени во јавниот сектор и на вработени кои работат на економски активности за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот. Со предложените измени на законот на институциите од чии редови се упатуваат лицата им се дадени целосни ингеренции во постапката за избор и упатување на лицето, а по спроведената постапка од нивна страна се склучува спогодба за заедничка соработка меѓу нив и Министерството за надворешни работи со која се регулира упатувањето на вработените, времето за кое се упатуваат, дипломатското звање во кое се упатуваат и други прашања од интерес на страните.
Со предложените измени и дополнувања на законот се прави и усогласување на условите за престанок на вработувањето на дипломатите по сила на закон со исполнување на условите за пензионирање со оние регулирани во законите кои како lex specialis ја регулираат оваа материја.
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА