Предложени измени во Законот за народен правобранител
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со донесувањето на предложените измени и дополнувања на законот за Народниот правобранител, се уредува материјата на:
– воведување на промоција на човековите права во мандатот на Народниот правобранител;
– овозможување на поголем плурализам и зајакнување на независноста на институцијата Народен правобранител;
– разграничување на престанокот на функцијата по сила на закон, со разрешувањето, особено во делот нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата за именуваните и/или избраните лица;
– усогласување со одредбите на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување;
– како и доуредување на областа “Средства за работа на Народниот правобранител” согласно обврските од ратификувањето на меѓународни документи;
Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Народен Правобранител ќе се изврши усогласување со Законот за ратификација на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување од 2008 година ( Сл.весник на РМ бр. 165/2008) со која Народниот правобранител е назначен да дејствува како Национален превентивен механизам, а во соработка и врз претходна согласност на Народниот правобранител, невладините организации регистрирани во Република Македонија и организациите кои имаат статус на хуманитарни организации во Република Македонија, можат да преземаат некои од надлежностите на националниот превентивен механизам.
Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Народен Правобранител ќе се исполнат поставените критериуми за добивање статус А за Национална институција за човекови права. Потребата од целосен мандат кој ќе вклучува промоција и заштита на човековите права е воедно нотирана и во Извештајот за напредокот на Република Македонија од 2013 година.
Со предложениот закон, независноста на институција која е потенцирана во евалуацијата на Поткомитетот за акредитација ќе се оствари преку изменувањето на одредбите за критериумите за разрешување и зацврстување на самата позиција на раководните функции во институцијата кој ги избира Собранието на РМ каде ќе се разграничи престанокот на функцијата по сила на закон и разрешувањето. Со цел исполнување на Париските принципи меѓу другото потребно е да се обезбедат средства за реализација на мандатот на Националниот превентивен механизам, како и да се зајакне соработката со Меѓународниот систем за човекови права.
Поткомитетот за акредитација укажа на исполнување на обврските кои произлегуваат од член 18 на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура ,со кој се бара функционална и оперативна независност на Националниот превентивен механизам, како и обезбедување на потребните ресурси за функционирање на НПМ. Во таа насока со одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител, во делот на средствата за работа ќе се издвојат средствата за функционирање на Националниот превентивен механизам преку утврдување на посебна буџетска програма.
Со предложените измени се пропишува и соработката со Меѓународниот систем за човекови права преку активно поттикнување, оддржување, комуникација и известување за состојбите во полето на човековите права.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА