Предложени измени во Законот за наставници во основните и средните училишта
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Имените и дополнувањата на Законот за наставници во основните и средните училишта се насочени кон подобрување на постојниот текст на законот, допрецизирање на одредени одредби и одложување на примената на одредби коишто се во релација со одредби од други закони.
Со оглед на комплексноста на организирање и спроведување на Законот за Академија на наставници, во којшто се определува начинот и постапката на стекнување лиценца на наставниците од основните и средните училишта, потребно е да се пролонгира времето на стапување во сила на членовите од Законот за наставници во основните и средните училишта во коишто се однесуваат на лиценцата на наставниците.
Со членот 1 се дополнува членот 13 од Законот за наставници во основното и средното образование заради допрецизирање на работните должности и јасно истакнување на професионалната работа на наставникот односно се додава алинеја којашто јасно кажува дека наставникот ги оценува постигања.
Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА