Предложени измени во Законот за обезбедување на побарувањата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со заклучок бр.42-9617/1 од 06.10.2015 година Министерство за правда е задолжено во рок од два месеца до Владата на Република Македонија да достави Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата. Оваа обврска произлезе согласно препораките на Светска банка за најдобрите практики и модел-законите на Европската банка за обнова и развој и на Комисијата на обединетите нации за меѓународно трговско право, како и компаративните искуства од регионот, се наметнува потреба за воведување на унифицирана правна рамка за обезбедување на трансакциите со 4-те функционални еквиваленти на залогот на подвижни ствари: фидуцијарен пренос на правото на сопственост, финансиски лизинг, пренос на побарувањата и продажба со задржување на правото на сопственост.
Министерството за правда во соработка со Централниот регистар и Министерството за финансии ја подготвија измената на Закон за обезбедување на побарувања со кој ќе се уредат три од четири функционални еквиваленти на залогот на подвижни ствари. Со предлог законот ќе се уреди фидуцијарен пренос на правото на сопственост врз подвижни ствари и продажба со задржување на правото на сопственост, како и начинот на нивно запишување во соодветен регистар во рамки на Централниот регистар на Република Македонија. Оттука произлезе потребата да се подготват измените на Законот за обезбедување на побарувањата, за да може запишувањето да го врши и должник, нотар или трето лице со полномошно, односно секоја заинтересирана страна.
Измените на овој Закон се во насока на обезбедување на законска рамка за воведување на евиденција (нови регистри) за фидуцијарен пренос на правото на сопственост на подвижни ствари и продажба со задржување на правото на сопственост кај подвижни ствари. Имено, согласно постојната законска регулатива во Македонија постојат 2 регистри од вкупно 4 функционални еквиваленти на залогот, поради што се наметнува потребата за воспоставување на дополнителни 2 регистри за регистрирање на еквиваленти на залогот врз подвижни ствари. Регистрите на еквивалентите на залогот му овозможуваат на доверителот да се стекне со обезбедување (залог) на своите побарувања без да поседува физичка сопственост врз истото, додека должникот ја поседува сопственоста и владението врз предметот на залог.
Со регистрирање на ваквите трансакции се обезбедува поголема сигурност и транспарентност за доверителот дека тој е единствениот кој го поседува залогот како гаранција за неговото побарување кон должникот. На овој начин се овозможува потенцијалните доверители или купувачи полесно да откријат дали постојат скриени товари врз предметите што ги прифаќаат како залог, односно да ги искористат за обезбедување на трансакциите што ги вршат меѓусебно. Со овој Предлог на закон исто така, се врши усогласување со Законот за извршувањето. Со оглед на тоа што извршувањето е целосно преземено од страна на извршителите, а во Законот за обезбедување на побарувањата постојат одредби во кои е предвидено дека некои дејствија во извршувањето може да ги прави и нотар, неопходно потребно е овие одредби да се уредат, односно да се избрише нотарот.
Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА