Предложени измени во Законот за облигациони односи | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за облигациони односи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“, број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009) се уредуваат основите на облигационите односи, договорните и други облигациони односи во прометот на стоки и услуги. Учесници во облигационите односи се правни и физички лица. Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи.

Со Предлогот на законот се очекува подигање на степенот на одговорност на учесниците во прометот и се остврува посакуваната рамноправност на учесниците во правниот промет. Предлог законот значително ќе ги подобри условите за водење бизнис на најголемиот број на учесници во правниот промет, а тоа се малите и средни претпријатија, и се овозможува ефикасен начин на справување со стекнувањето на т.н. незаработените доходи.

Со Предлог законот се потврдуваат особено следните начела:

  • начело на совесност и чесност,
  • забрана на злоупотреба на правото,
  • забрана на искористување на монополска положба и
  • начело на еднаква вредност на давањето.

Со членот 1 од Предлогот на  законот се уредува дека износот на каматата не може да биде поголема од износот на основицата од која се пресметува.

Со членот 2 се нагласува економската суштина на инфлацијата како вишок на агрегатната побарувачка, а од друга страна се потврдува дека пресудна улога во борбата против инфлацијата имаат фискалната и монетераната политика. Успехот на овие две јавни политика се врзува токму со држењето на инфлацијата под контрола.

Со членот 3 се предлага примена на законот од октомври 2021 година.

Со донесување на законот се очекува да се реши еден голем и тежок проблем на учесниците во правниот промет.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико