Предложени измени во Законот за органско земјоделско производство | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Предложени измени во Законот за органско земјоделско производство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobrani11Во рамките на Твининг проект „Органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи“ (ИПА 2009, 1-ва Компонента) извршена е целосна ревизија на националниот Закон за органско земјоделско производство и согласно препораките од експертите на овој проект се пристапи кон измена на постоечките одредби во Законот за органско земјоделско производство кои се во насока на повисок степен на усогласеност со Регулативата на ЕУ.

Воедно вградени се и одредени технички корекции и извршено е допрецизирање на одделни одредби на текстот на постоечкиот закон во насока на олеснување на имплементацијата на истиот.

Законот за органско земјоделско производство донесен во 2009 година, а објавен во („Службен весник на Република Македонија” број 146/09, 53/2011, 149/2015) содржи законски решенија применливи во областа на растелното и сточарско органско производството, собирањето на самоникнати растенија, преодот од редовно во органско земјоделско производство, како и производството на преработена храна, добиточна храна и органски квасец. Исто така, содржани се и одредени права и обврски на сите субјекти кои применуваат органско земјоделско производство, вклучително и на контролните/сертификациски тела кои вршат стручна контрола во органско земјоделско производство, како и критериумите и условите за овластување на контролните/сертификациски тела, со што се зајакнува системот на вршење на стручна контрола во органско земјоделско производство. Законот исто така предвидува и можности за учество на здруженијата на органски производители во донесувањето на планските документи преку нивно учество во работата на комисијата за органско земјоделско производство и можност за користење на средства од Буџетот на Република Македонија преку Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Имајќи ги во предвид досегашните искуства во оваа област заради дорегулирање на одделни прашања се нудат решенија кои ќе овозможат поефикасна примена на законот.

Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико