Предложени измени во Законот за основното образование
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за основното образование се уредува воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем.
Законот за основното образование е донесен во 2019 година и од неговата досегашна примена во праксата се покажа дека се потребни одредени измени и дополнувања на овој закон и тоа во делот на инклузивното образование, начинот на побарување на селекција и избор на образовен асистент, како и програмата за обука на образовен асистент, наградувањето на талентирани и надарени ученици, категориите и нивоата на вработените даватели на јавни услуги во основните училишта, платите на раководниот и административниот кадар во основните училишта. Согласно со досегашните искуства, се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за основното образование.
Една од целите на законот е да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.
Се пропишува и полагање на стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа.
Дополнително со законот чие донесување се предлага, ќе се овозможи кариерно напредување на административните службеници во основните училишта.
Предлог законот се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за основното образование.
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА