Предложени измени во Законот за пасиштата | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за пасиштата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стопанисувањето со пасиштата во државна сопственост е уредено со Законот за пасишта од 1998 година кој во меѓувреме е изменуван и дополнуван неколку пати.

Имајќи ги во предвид искуствата од досегашната примена на Законот за пасишта, големината на расположивиот фонд од 567.000 ха пасишта во државна сопственост, статусот на пасиштата како добро од општ интерес за државата, промените во останатите прописи од областа на земјоделството кои имаа влијание врз начинот на искористување на пасиштата,се покажа потреба од одредени измени на политиката во стопанисувањето со пасиштата и можност за правилно и законито искористување на пасиштата во државна сопственост со цел да се овозможи на надлежните органи, едноставен, целосен и прецизен увид во  податоците за состојбата со пасиштата во државна сопственост, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната и на националната земјоделска политика, со предложените измени и дополнувања на  Законот за пасиштата се предвидуваат усогласени надлежности на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и на Јавното претпријатие за пасишта како институци кои имаат надлежност во креирањето на политиките за развој на земјоделството а со цел и зголемување на придонесот на   пасиштата во државна сопственост во севкупниот развој на земјоделството како една од носечките економски гранки.

Целта што сака да се постигне со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон е поцелисходно и порационално искористување на пасиштата како добро од општ интерес, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната политика и на националната земјоделска политика.

Меѓу другото се очекува да се зголеми и гаранцијата за правилна расределба на пасиштата, почитувајќи ги начелата на законитост и транспарентност во работата а со предложените решенија да се овозможи стабилен извор на финансиските средства.

Со Предлог законот се  пропишуваат постапки за давање на пасиштата во државна сопственост на користење, кои се спроведливи и соодветни на моменталните состојби,што не е случај во моментов со сегашниот важечки закон.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико