Правдико

   

Предложени измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основна цел на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните.

Предложениот текст на законот се заснова на начелата на правото на социјална сигурност и социјално осигурување на граѓаните согласно член 34 од Уставот на Република Македонија, начелото на социјална праведност за осигурениците и корисниците на права од пензиско и инвалидско осигурување и членовите на нивните семејства.

Со предлага во категорија на осигуреници да се опфати и физичкo лицe коe е регистриранo како вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари, запишан во регистарот на Комората на трговци на Македонија. Со ова се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари објавен во „Службен весник на Република Македонија„ бр.11/2018 година. Имено, во овој закон содржани се одредби кои се однесуваат на прием во задолжително социјално осигурување на „Трговец на зелени пазари“ и тоа опфаќа невработено физичко лице што врши трговија на мало на тезги и пазари, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, трговци поединци.

Исто така, за категоријата на осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на оисгурување се смета со зголемено траење им се овозможува намалувањето на старосната граница за остварување право на старосна пензија да се врши пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж. За категоријата осигуреници кои работат на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја им се овозможува да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж (маж), односно 35 години пензиски стаж (жена).

Предложените измени и дополнувања  на Законот за пензиското и инвалидското  осигурување  предизвикуваат дополнителни фискални импликации, кои се проценети на 121 милион денари во првата година од имплементација, кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија за 2019 година, односно 235,5 милиони денари во наредните две години.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико