Предложени измени во Законот за политичките партии по скратена постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог законот ќе се намали преголемата бирократизација и недоволната демократичност која е присутна во процесот на основање политички партии во Република Македонија, а која директно ја гуши слободата на политичко здружување и дејствување, гарантирана со членот 20 од Уставот на Република Македонија.
Имено, со Предлог законот ќе се овозможи поголема демократичност при основање на политичка партија при што во одлуката за избор на органи на политичката партија која се поднесува кон барањето за запишување на политичката партија во Судскиот регистар покрај личното име на претседателот на политичката партија, се додава и личното име на претседателот и копретседателот на политичката партија, во случај на копретседавање, односно на лицето кое ќе ја застапува и претставува политичката партија односно претседателот и копретседателот во случај на копретседавање и личното име на лицето, односно лицата одговорни за материјално-финансиското работење.
Со дополнувањето на алинејата ќе им се овозможи на политичките партии во својот Статут да одлучат да имаат можност двајца копретседатели да ја претставуваат и застапуваат политичката партија. Од повеќе децениска пракса во земјите на Европската унија, а особено во зелените партии произлезена е можноста за двајца копретседатели на партиите од кои еден е маж и едена е жена. Со предложениот закон се фундира и тенденција – укинување на уверенијата за државјанство кои се приложуваат за секој основач на политичка партија.
Условот при регистрација на нова политичка партија да се доставуваат оригинали или фотокопии од уверенијата за државјанство на основачите на партијата заверени кај нотар, претставува непотребна административна и финансиска обврска за граѓаните кои сакаат да формираат партија. Дополнително непотребно бирократско ограничување претставува тоа што, судот надлежен за регистрација на политички партии, го наметнува условот, кој е неспомнат во Законот, уверенијата за државјанства да не бидат постари од три месеци т.е. 90 дена од денот на поднесувањето на документите за регистрација на партијата. Уверенијата за државјанство се потребни за да се докаже дека основачот на политичката партија е државјанин на Република Македонија.
Но, доказ дека одредено физичко лице е државјанин на Република Македонија, претставува и тоа дека тоа поседува валидна биометриска лична карта, а која се приложува на увид при давањето изјави на нотар. Со наложувањето, покрај изјави на нотар, да се доставуваат и уверенија за државјанство на основачите на партијата се создава непотребна дополнителна финансиска бариера за граѓаните – која, во ситуација на раширен пад на животниот стандард во Македонија и на финансиски трошок за изјавата на нотар, може нив да ги одврати од намерата да го остварат своето уставно гарантирано право да се потпишат како основачи и/или членови на една партија
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА