Предложени измени во Законот за полиција | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за полиција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за полиција (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18), нормaтивно правно се уредуваат полициските работи, организацијата на Полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, што не се уредени со Законот за внатрешни работи.

Содржински, Законот за полиција е поделен во VIII глави: општи одредби, полициски работи, организација на Полицијата, полициски овластувања, работни односи, резервен состав на Полицијата, овластување за подзаконски прописи и преодни и завршни одредби.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, во насока на постапување по препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот. Препораките од Извештајот на ГРЕКО се насочени кон зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста на вработените во јавниот сектор и институциите. Во таа насока е препораката која се однесува на одредбите од Законот за полиција за воспоставување објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на Биро за јавна безбедност, кои одговараат на потребите на таквата позиција.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се регулираат и конкретни евиденции што ги води Полицијата, а се однесуваат на oтпечатоци од папиларни линии; ДНК профили и фотографии од лица со рокови за нивно чување. Наведеното е во насока на надминување на практичните проблеми со кои се соочуваат стручните служби во Министерството за внатрешни работи во однос на рокот на чување и бришење на биометриските податоци.

Освен наведеното, со предложениот закон се врши и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико