Предложени измени во Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предложените измени и дополнувања на овој закон се засноваат на истите начела, на кои се заснова Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.
Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство има за цел да го подобри системот на заштита од семејно насилство, преку воведување на обврска за центрите за социјална работа да ги известуваат службените лица во Министерството за внатрешни работи, секогаш кога имаат сознание дека лицето кое врши насилство во семејството поседува огнено оружје, како и да го известат неговиот работодавец доколку тоа лице работи на работно место на кое има пристап или ракува со службено огнено оружје.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА