Предложени измени во Законот за превоз во патниот сообраќај
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај се предлагаат измени на постојните одредби како и дополнувања со нови одредби со цел да се запазат потребите за редовно и континуирано функционирање на превозниците. Исто така и во таа насока, а по барање на ДИТ, град Скопје и останати институции се предлагаат одредени измени во законските одредби.
Во членот 1 се се врши терминолошко усогласување на одредени термини во законот (терминот „линија“ и „возен билет“). Поконкретно се прецизира дека станува збор за категоризирана автобуска станица, односно се дава можност следејќи ги новите технологии да нема потреба од издадавање на фискална сметка и возен билет, туку само фискалната сметка која ги содржи потребните податоци од член 33 од овој закон да се смета како возен билет.
Се предвидува дефиниција на орган за компетентност по примерот на Законот за возила.
Со измената во член 2 се врши допрецизирање на евиденцијата согласно тековното работење.
Со измените во членот 3 се врши прецизирање на видот на возилата за кои не се издава лиценца за сопствени потреби за превоз на патници согласно тековно работење.
Кон измените во членот 4 се пристапува со цел да се усогласи со член 8 (не се издава лиценца за организација за превоз на патници).
Како резултат на потребата за поконкретно дефинирање на постапката за издавање на потврдите за земјоделци се предлага измената во член 5.
Со измените во членот 6 попрецизно се дефинираат податоците во евиденцијата која ја води МТВ за превозниците, се предлагаат податоците за финансиската стабилност и видовите на дозволи со кои располагаат.
Во членот 7 по барање на ЈСП се предвидува основ за водење на евиденција со податоци потребни на ЈСП за издавање на електронски картички.
Со цел да се подигне нивото на вршењето на превозот и да се зголеми безбедноста при вршењето на превозот на патници се предлага измената во членот 8. Со оваа измена и превозниците кои имаат дозволи по основ на Спогодба меѓу две општини се должни превозот да го започнуваат односно завршуваат на категоризирана автобуска станица. Најбезбедно качување и слегување на патници се овозможува на автобуска станица.
Со измените во членот 9 се брише можноста на превозниците врз основа на купопродажен договор да вршат пренос на дозволи и решенија. Со оваа измена се предвидува основот кој досега беше дозволен за превозниците за промена на линијата од сезонска во постојана и обратно биде возможен но под услов да се запазат временските интервали од член 24-а.
Со измените во членот 11 се врши терминолошко усогласување кое се однесува на категоризираните автобуски станици. Со измените во членот 12 се врши замена на зборовите „превозник“ и „возач“ од причина што од пракса е утвредено дека при непостапување согласно оваа одредба одговорноста е на возачот.
Со измените во членот 13 се врши само допрецизирање на постојната пракса, односно при воспоставување на линиите се издаваат дозволи, а не согласности.
Во членот 14 се утврдува начинот за водење на постапка за издавање на дозволи како и начинот на бришење на автобуските линии.
Во членот 15 се предвидува да им се овозможи на превозниците самостојно со своите партнери го уредуваат режимот на одржување на линиите.
Со измените во членот 16 се бришат одредени документи кои досега беа предвидени за доставување од страна на превозниците во постапката за добивање на дозволи за посебен линиски превоз на патници од причина што МТВ поседува евиденција за овие документи.
Во контекс на правилно вршење на авто-такси превозот се предлагаат измените во членот 17. 18. Со предложените измени во членот 18, 19, 21 и 22 се врши терминолошко усогласување кое се однесува на категоризираните автобуски станици.
Со измените во членот 20 се допрецизира постапката за добивање на нова категоризација на веќе категоризираните автобуски станици, како и постапката и критериумите за одземање на категорија на автобуска станица. Оваа материја досега не беше регулирана.
Со допрецизирање на терминот автобуска станица и начинот на водење на сообраќајниот дневник на автобуските станице се пристапи кон оваа измена во членот 23. Измената во членот 24 се предлага со цел подигнување на нивото на ЕКМТ прегледи на товарните моторни и приклучни возила.
Со измените во членот 25 се дозволува да правните субјекти кои вршат меѓународен превоз на патници за сопствени потреби да носат со себе единствено список на патници, додека не е задолжителен патниот лист кој е пропишан документ. Со измените во членовите 26 и 27 се допрецизираат условите за инспекторите и за директорот на ДИТ. Со измената во членот 28 и 29 се прецизираат надлежностите на ДИТ кои се однесуваат на авто такси превозот. Со измената во членот 30 се прецизра постапувањето на инспекторите во ситуации кога ќе констатираат на терен дека превозникот не се придржува на одредбите од овој закон односно кон дозволата и возниот ред.
Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА