Предложени измени во Законот за работни односи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Измените на ова законско решение се како поддршка на граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство, која беше доставена од страна на овластен предлагач во Собранието на Република Македонија, но за жал оваа иницијатива беше отфрлена како неуредна од страна на парламентарното мнозинство, се што се пропушти можноста за дебата преку јавна расправа.
Доколку политичките партии во Собранието имаат волја да се продолжи породилното отсуство, тогаш лесно ќе изнајдеме решение и ќе покажеме дека техничките грешки не смеат да претставуваат основа за неприфаќање на иницијатива со која граѓаните се обраќаат до нас самите како нивни претставници потенцираат предлагачите Нола Исмајлоска Старова и Магдалена Манаскова.
Имено предлагачите на Предлог законот за изменување на Законот за работните односи во целост се согласуваат со делот од текстот од граѓанската иницијатива:
„Подносителите на таа иницијатива сметаат дека состојбата со која се соочува секоја мајка е иста, периодот на породилното отсуство е недоволен за се создаде здрав психофизички развој на бебето. Со измената на Законот за работните односи, односно со продолжување на периодот на породилното отсуство ќе се решат многу проблеми со кои се сретнуваат мајките. Имено, сметаат дека погрешно е да се гледа на градинките како место број еден во растењето на децата. Дополнително, дел од мајките се обраќаат за помош кај свои блиски роднини или пријатели, или пак ангажираат дадилки, но не сите може да си го дозволат тоа. Затоа многу се приморани да ја одберат градинката. Често таму ги пресретнува полна воспитална каде е невозможно една или две воспитувачки да се посветат на бебето. Факт е дека за зголемување на наталитетот на државата не се потребни само добра волја и ентузијазам потребни се и конкретни средства за тоа да се спроведе на дело. Ако земеме колку во просек чини дете состојбата со иницијативата ќе стане појасна. Огромен проблем со кој секојдневно се соочуваат мајките кои ги оставаат децата на несоодветна возраст во градиниките е болна разделба. Со продолжување на периодот на породилното отсуство илјадници деца ќе бидат среќни и ќе растат со чувство на сигурност и илјадници мајки ќе бидат благодарни зошто државата застанала позади нив и позади здравјето на нивните деца. Важно е да се напомене дека за проблемот кој го имаат жените – мајки кои заминуваат на патолошка бременост, по раѓањето на своето бебе имаат само 6 до 7 месеци да поминат со него пред да се вратат на своето работно место. Уште еден проблем со кој се соочуват мајките е доењето. Паузата која законски им следува од час и половина најчесто не е доволна бидеќи повеќето живееме барем половина час одалени од своето работно место. Затоа со прифаќање на овој предлог на закон ќе се зголеми должината на породилното отсуство за 18 месеци при што паузата од час и половина за мајката родилка веќе нема да биде потребна“
Основна цел заради која се предлага донесувањето на овој закон е пред се заштита на психофизичкото здравје на бебињата, со продолжувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци ќе се овозможи неопходен правилен раст и развој на бебињата.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА