Предложени измени во Законот за работни односи | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за работни односи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за работните односи , се уредува забрана за вршење на работи на работодавачот. Со членот 259 се утврдени условите и мерките што ги преземе инспекторот на трудот во случаите кога при вршење на надзор кај работодавачот ќе затекне на работа работник со кој не е заснован работен однос и кој не е пријавен во задолжително социјално осигурување.  Една од активностите во рамките на Акцискиот план за намалување на сивата економија е унапредување на регулативата за утврдување на непријавени работници од страна на соодветните инспекции.

Во Законот за работните односи уредено е дека надзорот над Законот за работите односи го спроведува Државниот инспекторат за труд. Имајќи предвид дека со Законот за инспекциски надзор покрај другото се врши координацијата на инспекциските служби, како и потребата од навремено и ефикасно уредување на состојбата со непријавени работници, се предлага при вршењето на надзор на другите инспекциски органи да се вклучи и утврдувањето на непријавени работници кај правните лица. Односно контролата на пријавувањето во задолжително социјално осигурување да го водат повеќе инспекциски органи во случај на затекнување на непријавен работник, истовремено при вршење на надзорот од својата надлежност.

Со предлог измените се врши промена во делот на елементите кои што работодавачот треба да ги наведе во јавниот оглас, во смисла дека освен паричниот износ на основната нето плата ќе може да биде наведен и паричен износ на нето платата од најнизок до највисок износ,  за работното место  за кое се бара работник. Имено, со оваа измена покрај подобрата информираност на работницита за можната плата, се зголемува и мотивираноста на барателите на работа за пријавување на огласи согласно нивните поединечни амбиции.

Исто така за надоместокот на плата се предвидува дека во случај на престанок на договорот за вработување на определено време поради исгек за за време на користењето на надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и родителство, работничката продолжува да го користи правото до истекот на отсуството на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Со предлог измените  се врши и дополнувањето  на членот 117 став  2 и  е во насока на  одредување контролен период за утврдување на просекот на прекувремените часови на неделно ниво, кој не може да биде подолг од три месеци. Со алтернативата се дава можност контролниот период по пат на колективно договарање да биде определен на пократок период, но максималниот контролен период ќе биде утврден со законот и ќе изнесува четири месеци.)

Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико