Предложени измени во Законот за рамномерен регионален развој
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за рамномерен регионален развој е дефинирана основната рамка за водење на политиката на рамномерен регионален развој во земјата и се пропишуваат планските документи за нејзина реализација. Законот (член 5) пропишува воспоставување на плански региони во Република Македонија, како функционално територијални единици за потребите на планирањето на развојот и реализација на мерките и инструментите за поттикнување на развојот.
Согласно со законската рамка, носители на политиката за потттикнување на рамномерниот регионален развој се: Владата на Република Македонија, Советот за рамномерен регионален развој, Министерството за локлана самоуправа и советот за развој на планскиот регион. Во планирањето на регионалниот развој и спроведувањето на планските документи учествуваат и Бирото за регионален развој и Центрите за развој на планските региони.
Искуството од спроведувањето на Законот покажа простор за промени во постојниот систем на финансирање за тековното работење на Центри за развој на планските региони со цел да се зајакне нивната самоодржливост а истовремено и начинот на функционирање на целокупниот систем за спроведување на регионалната политика да се приближи во поголема мера до одредени успешни европски модели на управување кои што се базираат на принципите на партнерство и соработка. Воедно, хоризонталната и вертикалната координација е сè уште предизвик особено во делот на координација на подготвката и имплементацијата на програмите кои имаат развојни компоненти од значење за регионалниот развој.
Зајакнувањето на самоодржливоста во функционирањето на Центри за развој на планските региони е од особено значење посебно заради фактот за зајакнување на нивната улога како вмрежувачка институција на регионално ниво. Воедно, нагласувањето на примената на начелото на партнерство како една од главните цели за регионален развој во ЕУ, односно партиципативниот пристап од сите засегнати страни на регионално ниво ќе го зајакне учеството на сите засегнати страни во процесот на идентификација и реализација на регионалните приоритети.
Исто така, по осум години од спроведувањето на Законот, се појави потреба од додефинирање на надлежностите на носителите на политиката односно на сите чинители во спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој. Додефинирањето на надлежностите е заради имплеменатција на сè погоре наведено и заради зголемување на ефикасноста во спроведувањето на одредени процедури.
Цели кои треба да се постигнат со Предлогот се:
– обезбедување на поголема самооодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони, со примената на начелото на партнерствои
– додефинирањето на надлежностите на носителите на политиката и зголеување на ефикасноста во спроведувањето на процедурите уредени со овој закон.
Со предложените измени во законот ќе се унапреди функционалноста на Центрите за развој на планските региони, начинот на нивото финансирање и ќе се додефинираат надлежностите на носителите на политиката и на сите засегнати чинители.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА