Предложени измени во Законот за рибарство и аквакултура
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Предлог Законот за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура се додаваат одредби со кои што се доуредуваат одредбите во делот на доделувањето на рибите на концесија за стопански и рекреативен риболов. Со направените измени и дополнувања целосно се уредува постапката за доделување на рибите на коцесија и се утврдува дека рибите ќе се доделуваат на концесија по критериумот економски најповолна понуда со електронско наддавање, а се утврдува и периодот на започнување на постапките за концесија.
Исто така се задолжува Државниот инспекторат за земјоделство за редовно информирање во врска со извршените инспекциски контроли на спроведувањетои на догоцорите за концесија кои ќе се вршат на секои шест месеци.
Изменувањето и дополнувањето на Законот се прави врз основа извадокот од Нацрт записникот од Осумдесет и третата седница на Владата на Република Македонија одржана на 30.06.2015 година и извадокот од Нацрт записникот од Осумдесет и петтата седница на Владата на Република Македонија одржана на 07.07.2015 година.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА