Предложени измени во Законот за шумите | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за шумите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Согласно Нацрт-записнокот од Триесет и осмата седница на Владата на Република Македонија одржана на 02.12.2014 година, точка 129 и точка 28 донесен е заклучок  да се направат соодветни насоки за законски измени со цел регулирање, односно зацврстување на системот за контрола и времено или трајно одземање на службено оружје кое го должат службени лица, во случај кога против истите се води постапка за било каков вид на насилство, односно постојат околности дека службнеото лице истото тоа оружје може да го злоупотреби. 

Согласно Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви измени на Законот за шумите, каде што е утврдено носењето и ракувањето со службеното оружје, така што предвиде обврска за времено одземање на службеното оружје во случај на извршување на кривично дело или прекршок со елементи на насилство од вработеното лице распределено на работни задачи на кои што има пристап и ракува со службено оружје, а тоа се лицата вработени во Шумската полиција и Шумочуварската служба.

Исто така, за вработените во Шумската полиција и Шумочуварската служба е предвидено обврската вработеното лице да се упати на задолжителен психијатриски и психолошки преглед и советување со психолог во случај на извршување кривично дело или прекршок со елементи на насилство.

Предвидено е за вработените во Шумската полиција и Шумочуварската служба основ за дисциплинска одговорност и суспендирање од работа во случај кога службеното лице ќе изврши дело со елементи на насилство.

Владата на Република Македонија го задолжи Министерството за земјдоелство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена да достави до Владата Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, имајќи ги во предвид предлозите од ЈП „Македонски шуми“.

Поради горе наведеното, се предлага донесување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за шумите.

Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико