Предложени измени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieЦелта на Предлогот за изменување и дополнување на предметниот закон е во рамките на извршените согледувања кои се базираат на потребата од неговото доуредување на проблематиките кои особено се однесуваат на:

– надоместокот на трошоците за одвоен живот, надоместокот за исплата на стварни трошоци за превоз, надоместокот за закупнина на стан и правото на користење на организиран превоз меѓусебно да се исклучуваат.

– доуредување на постапката за откуп, како и утврдување на висината на неплатената закупнина, односно надоместокот за користење на станот од моментот кога фактички се користи, согласно заклучок на Владата на Република Македонија.

– утврдување на рок за поднесување на барање за откуп, како и утврдување на можноста за губење на правото на откуп на стан доколку не се поднесе барање во утврден рок, при што предметниот стан би се објавил за продажба по пат на интерен оглас, на начин и постапка утврдена за купување на стан во лична сопственост согласно одредбите од предметниот закон.

Предметниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија има 5 члена Со предложениот член 1 се предлага дополнување на постојниот член 195 со право на користењето на организиран превоз, кое се исклучува со другите права во истоимениот член. Со членот 2 се предлага дополнување на членот 196 во насока на допрецизирање на откупот на станбени единици од страна на лицата кои фактички ги користат, како и изработување на пресметка од страна на министерството со која ќе се утврди износот на неплатената закупнина, односно надоместокот за користење на станот од денот на неговото користење врз основа на акт на надлежен орган, а кој износ може во цел износ да се додаде на вредноста на станот.

Износот на неплатената закупнина, односно надоместокот за користење на станот од денот на неговото користење се утврдува во висина од 2% од проценетата вкупна вредност на станот, за секоја година од неговото користење, намалена за 50%.

Со членот 3 се предлага дополнување на законот со две одредби, со кои се утврдува рокот за поднесување на барање за откуп, донесување на решение за откуп и склучување на договор за купопродажба, како и се утврдува можноста за губење на правото на откуп на стан доколку не се поднесе барање во утврден рок, при што станот се објавува за продажба по пат на интерен оглас, на начин и постапка утврдена за купување на стан во лична сопственост согласно одредбите на овој закон.

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико