Предложени измени во Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11 и 145/15), буџетите и буџетските корисници се должни да состават биланс на состојбата, биланс на приходите и расходите и консолидиран биланс, кои ја сочинуваат завршната сметка. Основните финансиски извештаи односно завршната сметка мораат да дадат точен, вистинит и целосен преглед на приходите и другите приливи, расходите и другите одливи, како и за состојбата на средствата, обврските и изворите на средствата на буџетите и буџетските корисници.
Буџетите и буџетските корисници имаат обврска завршните сметки да ги доставуваат до Централниот регистар и Државниот завод за ревизија. Согласно постојните одредби од Законот, буџетите и буџетските корисници немаат законска обврска јавно да ги објавуваат податоците од завршните сметки.
Заинтересираните страни податоците за состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, за остварените приходи и реализираните расходи на определен буџет или буџетски корисник ги обезбедуваат преку базата на податоци од Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар.
Заради олеснување на пристапот на јавноста до податоците од завршните сметки и зголемување на транспарентност во работењето на буџетите на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средства од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите, се предлага воведување на обврска за објавување на завршните сметки на интернет страница на буџетите и буџетските корисници.
Објавувањето ќе се врши во рок од 15 дена од денот на доставувањето на завршната сметка до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.
Основната цел на Предлог- законот е да се обезбеди поголема јавност и транспарентност во финансиското работење на буџетите и буџетските корисници преку објавување на завршните сметки на нивните интернет страници, како и полесен пристап до овие податоци за сите заинтересирани физички и правни лица. Законот чие изменување и дополнување се предлага се заснова врз истите начела врз кои се заснова основниот закон.
Целосниот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА