Предложени измени во Законот за социјалната заштита
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Цел на Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
Со предложените измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.
Предлог Законот за изменување на Законот за социјалната заштита се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за социјалната заштита.
Целиот текст на предлог измените погледнете го ТУКА