Предложени измени во Законот за социјалната заштита | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за социјалната заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018-2022 година), заснована на начелото на дигитализација, кое подразбира давање на квалитетни, брзи и лесно достапни услуги, засновани на модерни технологии и нивно иновативно користење преку постојано техничко надградување и градење на соодветни капацитети, се наметна потребата на дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени во Законот за социјалната заштита.

Овие процеси треба да се предвидат од моментот на поднесување на барање за остварување на одредено право и услуга до самото добивање на управниот акт, како и поднесувањето на правни лекови согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги. Воедно, потребно е овој закон да се усогласи и со одредбите од Законот за заштита на личните податоци (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.42/20).

Цел на предлог измените е Дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени во Законот за социјалната заштита и усогласи и со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 04.04.2021 – 17.12.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико