Предложени измени во Законот за социјалната заштита | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за социјалната заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Цел на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи сеопфатно регулирање на условите за сместување на лица во станбени единици преку самостојно или организирано живеење со постојана или повремена помош од стручни или други лица. Со предложените измени на законот се врши дополнување на поблиските услови кои со акт ги пропишува министерот, односно покрај поблиските услови за стандардите за потребен простор, опрема и стручен кадар, нивото на поддршката и начинот и програмата за остварување на поддршката се предвидуваат и пропишување на нивото на финансиска поддршка по корисник.

Воедно. се овозможува во системот на социјална заштита, услугите на Центар за привремено згрижување и советувалиште , покрај жртвите на семејно насилство да ги користат и жртвите на сексуално насилство. Се допрецизираат условите во постапката за користење на парична помош за студирање на втор циклус на студии за лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, користењето на социјалната парична помош во случај кога корисниците се работно се ангажирани, се брише посебниот услов за стручните лица – даватели на јавни услуги во установите за социјална заштита а кој се однесува на знаење на еден странски јазик и се допрецизира постапката за рефундирање на средства за платени царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на набавка на патнички автомобил за потребите на лица со попреченост.

Со овие законски измени се создава основа за утврдување на цената на услугите во социјалната заштита, врз основа на утврдена методологија. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за социјалната заштита.

Со членовите 1, 7, 8 и 9 се овозможува во системот на социјална заштита, услугите на Центар за привремено згрижување и советувалиште , покрај жртвите на семејно насилство да ги користат и жртвите на сексуално насилство.

Со членот 2 се врши дополнување на поблиските услови кои со акт ги пропишува министерот, односно покрај поблиските услови за стандардите за потребен простор, опрема и стручен кадар, нивото на поддршката и начинот и програмата за остварување на поддршката се предвидуваат и пропишување на нивото на финансиска поддршка по корисник.

Со членот 3 се допрецизираат периодот за користење на парична помош за студирање на втор циклус на студии за лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа да биде до три години, со оглед на траењето на овој циклус на студии.

Со член 4 се брише решението на корисниците на социјална парична помош кои работно се ангажирани, правото на социјална парична помош им мирува за времето на работното ангажирање, а по престанувањето на работното ангажирање користењето на правото на социјална парична помош продолжува, со цел за поголема активација на оваа група граѓани.

Со членот 5 се уредуваат условите за избор на дирекот на јавна установа од областа на социјалната заштита. Како еден од условите за избор на директор е наведено и поседување на меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, при што се наведени следните сертификати ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода. Со оглед на фактот што и АПТИС е исто така е меѓународно признатите сертификати, но е најефтин и најдостапен сертификат за познавање на англиски јазик во Република Македонија со членот 5 од Предлог законот, се врши измена на ставот 2 со која се додава и овој сертификат, а истовремено се брише психолошкиот тест како услов. Во однос на психолошкиот тест, истиот е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар за развивање соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица, поради што овој услов се брише.

Во членот 6 се брише посебниот услов за стручните лица – даватели на јавни услуги во установите за социјална заштита а кој се однесува на знаење на еден странски јазик.

Со членовите 10, 11 и 12 се врши допрецизирање на постапката за рефундирање  на средства за платени царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на набавка на патнички автомобил за потребите на лица со попреченост.

Со членот 13 се создава основа за утврдување на цената на услугите во социјалната заштита, врз основа на утврдена методологија.

Со членот 14 се утврдува одложена примена на условот што се однесува на познавањето на англиски јазик за именување на директорите, а со член 15 се утврдува

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико