Предложени измени во Законот за спречување на корупцијата | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за спречување на корупцијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во Законот за спречување на корупцијата  се уредени мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања. службената должност и политиката. при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања, како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва.

Согласно член 33 од Законот избран или именуван функционер,одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето. пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, кој го доставува до државната комисија за спречување на корупцијата и до Управата за јавни приходи.

Податоците од анкетниот лист претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон и истите се објавуваатна веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Согласно член 5О-а од Законот, одредбите од Законот за спречување на
корупцијата кои се однесуваат на роковите за доставување на анкетниот лист,изјавата и пријавата за промена на имотната состојба соодветно се однесуваати за членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата,” кои анкетните листови и пријавите за промена на имотната состојба ги доставуваат до Комисијата за .прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија и до Управата за јавни приходи.

Ваквата законска поставеност утврдува обврска на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата само за доставување на
анкетните листови до Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија и до Управата за јавни приходи, но нема прецизно утврдена обврска за нивно објавување на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За да се осигури почитување на јасно утврдената законска обврска за доставување и објавување на анкетите листови и на пријавата за промена на имотната состојба од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, се предлага прецизно уредување на обврска на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата за доставување на нивните анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупцијата заради објавување, како и утврдување на одговорност за непочитување на законската обврска.

Согласно член 35 од Законот за спречување на корупцијата, податоците од анкетниот лист се објавуваатна веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. И покрај оценката на Државната комисија за спречување на корупцијата за значителен пораст на поднесувањето на анкетните листови од избраните и именуваните лица,сепак, постои проблем во имплементацијата на одредбата од член 35 од Законот, следствено и во механизмот на управување со податоците за имотната состојба и судирот на интереси, поради тоа што не постои регистар на избрани и именувани лица и не се располага со целосна информација за точниот број на избрани и именувани лица кои имаат обврска да пополнат анкетен лист. И покрај можноста Државната комисија за спречување на корупцијата да ги користи решенијата за избор,
именување и разрешување кои што се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”, истото не е доволно за евидентирање и следење на евентуален судир на интереси или неспојливост на функции, од причина што решенијата за именување не ги содржат сите суштествени податоци.

Непрецизно дефинираниот опфат на лицата кои имаат законска обврска да достават анкетен лист и изјава за интереси го ограничуваат механизмот на проверка на почитувањето на законската обврска за доставување анкетен лист и изјава за интереси. транспарентност и отчетност. Од овие причини потребно е воведување на инструмент кој прецизно ќе го дефинира опфатот и ќе ја утврди листата на лица кои имаат законска обврска да достават анкетен лист и изјава за интереси. Регистарот на избрани и именувани лица претставува инструмент кој се
користи, односно е во процес на имплементација во земјите во кои избраните и именуваните лица имаат обврска за пријавување на имотната состојба и судирот на интереси, со цел да се обезбеди ефикасен механизам за управување со п0датоците за имотната состојба и судирот на интереси и на тој начин да се обезбеди целосна и неселективна примена на одредбите кои ја пропишуваат оваа обврска.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико