Предложени измени во Законот за судска служба | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за судска служба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предложениот текст за изменување и дополнување на Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“број 98/08, 161/08, 6/09 и 150/10) произлегува од обврската од Триесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 02.12.2014 година по Информацијата со соодветни законски измени со цел регулирање, односно зацврстување на системот на контрола и времено или трајно одземање на службеното оружје кое го должат службените лица, во случај кога против истите се води постапка за било каков вид на насилство, односно постојат околности дека службеното лице истото тоа оружје може да го злоупотреби .

Во Законот за судска служба е пропишано дека припадниците на судската полиција носат пропишана униформа со ознака на звањето и со други посебни ознаки и се вооружени согласно со прописите за вршењето на службата. Подетално материјата за вооружувањето е уредена во подзаконските акти.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико