Предложени измени во Законот за Судскиот совет
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РМ “ бр.60/06, 150/10 и 100/11) уредени се двете постапки за разрешување на судијата, дисциплинската постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на судија (во натамошниот текст: дисциплинска постапка) и постапката за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Судскиот совет своите одлуки за разрешување на судијата и за изрекување на дисциплинска мерка ги донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Судскиот совет со право на глас.
Воедно, Судскиот совет истовремено одлучува за времено отстранување на судијата од вршењето на судиската функција, како и за преиначено или проширено барање за поведување или за запирање на дисциплинска постапка, односно на постапката за утврдување нестручно и несовесно вршење на судскиската функција Критиките во Извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораките од ГРЕКО во однос на судството најмногу се однесуваат на системот за утврдување на одговорност на судиите и начинот на водењето на овие постапки.
Имено, двете наведени постапки се поведуваат, водат и за нив одлучува еден ист орган – Судскиот совет на Република Македонија (во натамошниот текст: Судскиот совет), а по барање на претседателот на судот, претседателот на повисокиот суд, општата седница на Врховниот суд на Република Македонија или на член на Судскиот совет.
Судскиот совет понатаму одлучува дали ќе го отфрли барањето (доколку не е навремено, целосно и дозволено), односно ќе го прифати барањето и од своите редови ќе формира Дисциплинска комисија, односно Комисија за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, којашто понатаму ја води постапката, расправа по барањето, прибавува податоци и докази врз основа на кои во рок од 30 дена доставува извештај со предлог за основаноста на барањето до Судскиот совет, односно закажува расправа во рок од 15 дена од денот на донесената одлука на Судскиот совет за поведување на постапките и во рок од 15 дена од завршувањето на расправата поднесува извештај за констатираната состојба и дава предлог до Судскиот совет заради донесување на одлука на Судскиот совет за запирање на постапките, изрекување на дисциплинска мерка или разрешување на судијата поради потешка дисциплинска повреда согласно членот 76 од Законот за судовите, односно поради нестручно и несовесно вршење на судскиската функција.
Со измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет се доразработува постапката за одговорност на судија во корелација со Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија.
Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА