Предложени измени во Законот за трговски друштва
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предложената измена во Законот е во насока на бришење на условот кој се однесува за познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис. Во Законот за трговските друштва содржани се такви одредби кои се однесуваат на познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис, и тоа во делот на условите кои треба да ги исполнува:
-управителот на друштвото со доминантна или во целосна сопственост на државата ,
-член на одбор на директори во друштво со доминантна или во целосна сопственост на државата,
– извршен член на одбор на директори во друштво со доминантна или во целосна сопственост на државата,
– управителите на друштвото со доминантна или во целосна сопственост на државата ,
-член на управен одбор во акционерско друштво со доминантна или во целосна сопственост на државата, -претседател на управен одбор на друштвото ,
-член на надзорен одбор во акционерско друштво со доминантна или во целосна сопственост на државата
-претседател на ндзорен одбор во акционерско друштво со доминатна или во целосна сопственост на државата .
Целта на Предлог – законот е бришење на одредбата од Законот за трговските друштва која се однесува на условот за познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис. Како основно решение, понудено со Предлог – законот е ослободување на субјектите од исполнување на условот кој се однесува на познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис